По дваест години присуство во Авганистан, НАТО во четвртокот започна да ги повлекува припадниците од својата борбена мисија „Решителна поддршка“ и се преземени сите мерки за повлекувањето на војници да мине сигурно, потврдил функционер на Алијансата.
„Повлекувањето започна. Тоа ќе биде уреден процес, координиран и осмислен. Безбедноста на нашите единици ќе биде апсолутен приоритет во секоја газа од процесот и ги презимаме сите потребни мерки за да го заштитиме нашиот персонал“, изјави за агенцијата AFP функционер на НАТО кој сакал да остане неименуван.
Соговорникот на агенцијата не го прецизирал бројот на војниците кои заминуваат, ниту роковите за повлекување по земјите од безбедносни причини.
„Секоја напад на талибаните во текот на повлекувањето ќе предизвика енергичен одговор. Предвидуваме дека нашето повлекување ќе биде довршено за неколку месеци“, истакнал.
НАТО кон средината на април одлучи до 1-ви мај да започне со повлекувањето од Авганистан.
Претходно американскиот претедател Џо Бајден оцени дека „целта на мисијата е исполнета“, и предвидува дека американските сили ќе се повлечат до 11-ти септември, што е симболичен датум, бидејќи САД изведоа инвазија во Авганистан против терористичката џихадитичка мрежа Ал Каеда по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.
Меѓутоа, талибаните инсистираа целосното повлекувањена на силите на САД да биде завршено до 1-ви мај, како што беше договорено со администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп во катарска Доха во февраури 2020 година.
Земјите кои најмногу се ангажирани во Авганистан се САД со 2.500 војници, Германија со 1.300, Италија со 895, Велика Британија со 750 и Турција со 600 војници. Тие испратија 6.000 од вкупно 9.592 војници колку што во последата ротација од мисијата од „Решителна подршка“ од 2015 година испратија 36 членки на НАТО и партнерските земји. Македонија, којашто од почетокот учествува во мисијата во Авганистан, во последната имаше меѓу 44 и 50, односно повеќе персонал под униформа од 14 земји од кои девет земји на Алијансата, иако земјата стана 30-та членка откако го смени уставноното име.
Германија објави дека планира да го заврши повлекуваето на своите сили до 4-ти јули од мисијата „Решителна поддршка“ чиј ангажман главно се состоеше во обука и логистика на авганистанските безбедносни сили.
Многумина аналитичари семтаат дека повлекувањето на странските сили од Авганистан би можело да ја турне земјата во новата граѓанска војна или да овозможи радикалното исламистичко движење да се врати на власт во Кабул. Талибани и сега контролираат значителен дел од територијата на земјата, главно во руралните области, каде што често се судираат и со припадниците на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава којашто пред неколку години се појави и во Авганистан.