ФОТО: Неверојатни божикни елки ширум светот

За овој убав ритуал за божикните празници  постојат две верувања. Според првото, свети Бонифације спасил живот на дете кое паганите сакале да го жртвуваат, така што со тупаница срамнил со земја храст околу кој се собрале. На местото каде се наоѓал храстот никнала елка, како симбол на Исусовиот вечен живот.

Според друго верување, пред повеќе од 2000 години, пред пештерата во која се родил Исус растеле, бор, кедар и елка. Од среќа што се родил Божјиот син, борот и кедарот се занишале и му подариле плодови. Елката почнала да плаче зошто нема плодови и што не може ништо да му подари. Еден ангел се сожалил, симнал ѕвезда од небото и и ја дал на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја истресла ѕвездата покрај Исус.

Зимзеленото дрво е симбол на вечен живот кај многу стари народи Египќаните, Кинезите, Евреите. Постојат повеќе легенди за тоа како настанала првата новогодишна елка.

Обичајот за китење на новогодишна и божикна елка влече корени од 11. век. Рајското дрвце украсено со црвени јаболки на 24 декември, на денот на Адам и Ева, во Западна Германија со време почна да се внесува во домовите и да се кити со разни колачи. Свеќите, како симбол на Христос, биле задолжителен декор на тој обичај. Во истата соба се наоѓале мали пирамиди правени од храна и украсувани со зеленило, свеќи и ѕвезди

Како ќе ја накитите елката во денешно време е работа на вкус, идеи, материјални можности и креативност. Во секој дом има елка, која од која поубава, а секој град има свое новогодишно дрво на кое сите им се восхитуваат.

Погледнете ги овие прекрасни елки.

 

xmas tree 3

xmas tree 9