Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.05) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 61 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 36 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.