Тројца загинати во лавина во француски Алпи

Lac et refuge du PavŽ

Тројца скијачи загинале во понеделникот утрото во лавина во масивот Екренс, во француските Алпи, соопштија локалните власти.

Според досегашните информации, жртвите ги однел одрон на снег во областа којашто се наоѓа на околу 3.200 метри надморска височина. Инцидентот се сличил во близина на планинското засолниште Адел Планшар во општината Вилар д’Арене, во департманот Високи Алпи.

„Акцијата на спасување сѐ уште е во тек во Масиво де Екренс, во секотор на планинада Гран Руине. Лавината однесе три лица, водич и двајца клиенти. Загинаа“, изјавил Флорен Круи, обвинител во департманот.

Во раните попладневни часови додал дека е отворена истрага поради убиство од небрежност.