Кина во четвртокот остро ја осуди заедничката изјава на министрите за надворешни работи на седумте индустриски најразвиени земји во светот Г7, во којашто изразија поддршка за Тајван кој Пекинг го смета за своја одметната островска провинција, и Кина ја нарекува „насилник“, посочувајќи дека тоа претставува грубо мешање во внатрешните работи на земјата.
Шефовите на дипломатиите на Г7 во соопштението по средбата во Лондон истакнуваат дека Кина е „одговорна за кршењето на човековите права и за користење на своето економски влијание за малтретирање на другите“.
Во овој дипломатски чекор без преседан во историјата, Г7 наведуваат дека ги поддржуваат учеството на Тајван на форумите на Светската здравствена организација и Светското здравствено собрание, и изразуваат загриженот поради „сите еднострани акции поради коишто би можело да ескалираат тензиите“ во Тајванскиот теснец.
Портапролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин на редовниот брифинг за новинарите во Пекинг порача дека во споменатата изјава се изнесуваат „неосновани обвинувања“ коишто претставуваат грубо мешање во внатрешнита работи на Кина, што „решително го осудуваат“.
„Г7 како група би требало да преземе конкретни мерки за поттикнување на глобалното економско закрепнување, наместо да го нарушува“, додаваат од Пекинг.
Кина го смета Тајван за својата територија и се спротиставува на секакво официјално претставништво на меѓународно претставништво, што главно се почитува и од страна на САД кои се главните воени спонзори на островото. Но Вашингтон редовно во конекстот на своите политики кон Пекинг го подигнува прашањето за безбедноста на Тајван, а овојпат забележува за засикелни кинески воени активности во близина на островот.
Од друга страна, пак, изјавата на Г7 беше со радост примена во Тајпеј, каде владата рече дека ова е првпат министрите за надворешни работи на овие земји да го спомнат островот во своето заедничко соопштение. И тајванскиот претседателски кабинет се заблагодари на Г7 на поддршката.
„Тајван ќе ја продлабочува соработка со земјите членки на Г7 и ќе продолжи да придонесува со најголема позитивна сила за глобалното здравје и благосостојбата на луѓето, како и на за мирот, стабилноста и просперитетот за индо-пацифичкиот регион“, изјави портпаролот во Тајпеј, Ксавиер Чанг користејќи го новиот термин на САД со кој се промовира внесувањето на Индија како противтежа на Кина во регионот.