Интернетската петиција во Јапонија со којашто бара уште ено откажување на Олимписките игри во Токио собра речиси 240.000 потписи во изминатите неколку дена, покажувајќи зголемена загриженост на јавноста пораио одржување на игрите во пандемијата.
Праостанаа помалку од три месеца до почетокот на летните Олимписки игри, кои веќе еднаш беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирусот, но и натаму останува прашањето како Токио може да го организира овој настан со глобално значење и да ги заштити илјадниците волонтери, спортисти, функционери и јапонската јавност од ширењето на Covid-19.
Во два дена од почетокот интернет кампањата https://www.change.org/p/cancel-the-tokyo-olympics-to-protect-our-lives-stoptokyoolympic по називот „Stop Tokyo Olympics“ собра повеќе од 238.000 потписи до петокот рано поладнето по македонско време.
Соочена со четвртиот бран од пандемијата и борејќи се со бавната стапка на вакцинирање, жителите на Токио скептино гледаат на тоа дали треба да се продолжи со организацијата на Олимписките игри, и се многу внимателни кон прифаќањето на странските гледачи.
Јапонската влада ја продолжи вонредната состојна во Токио и уште три региона о крајот на мај. Испитувањата на јавното мнение во Јапонија покажуваат дека мнозинството од јавноста против Олимписките игри кои би требало да започнат на 23-ти јули.
„Силно повикуваме на спречување на ширењето на коронавирусот и заштитта на животите и средствата за живот со користење на расположивите ресурси за запирање на Олимписките игри“, напиша Кенџи Утсуномија, организаторот на петицијата. Утсиномија е адвокат кој неколкупати се кандидирапе за гувернер на Токио.
Меѓутоа, организаторите повеќепати рекоа дека организацијата на Игрите ќе продолжи, објавувајќи детални протоколи за спортистите и функционерите кои треба да го спречат пренесувањето на коронавирусот.
Американската компанија „Pfizer Inc“ и нејзиниот германски партнер „BioNTech SE“ изјавија во четвртокот дека се договориле да ја донираат својата вакцина против Covid-19 за сите кои ќе присуствуваат на Олимписките игри.