Home Featured За 24 часа 12 починати и 198 нови случаи на ковид-19

За 24 часа 12 починати и 198 нови случаи на ковид-19

0
За 24 часа 12 починати и 198 нови случаи на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 333 оздравени пациенти и 12 починати, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 76, Куманово 25, Битола 11,Прилеп 10, Тетово 9, Кичево 7, Струга и Радовиш по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица по 5,Виница 4 ,Неготино, Ресен и Берово по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица  по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово по 1.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти од: Скопје  139, Охрид 43, Куманово 24, Струмица 20, Струга 14, Прилеп 13, Битола 12, Велес 10, Тетово, Кочани и Кичево по 7, Кавадарци и Штип по 5, Гевгелија и Неготино по 4, Гостивар, Виница, Богданци и Македонски Брод по 3, Свети Николе и Делчево по 2, Пробиштип, Валандово и Пехчево по 1.

Пријавени се вкупно 12 починати лица: 6 од Скопје (48 ,62,69,75,78, 84,), по 2 лица од Гостивар (58 и 70), и по едно починато лице од Куманово (68), Кавадарци (74), Виница (66) и Крушево(37), Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.108 тестови преку: ИЈЗ 454, ЦЈЗ Скопје 55, ЦЈЗ Битола 92, ЦЈЗ Прилеп 20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, Судска медицина 3, лабораторија болница Козле 6, УК Пулмологија со алергологија 3, ГОБ „8 Септември“ 11, Институт за микробиологија 71, МАНУ 81, Жан Митрев 179, Авицена 246, Биотек 463, Систина 143, лабораторија Лаор 330, Синлаб 71, Ремедика 90, Плодност 61, Генеа 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 726.

Досега во земјата се направени вкупно 738.012 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 67.881, активни 5.099, Куманово 8.703, активни 900, Прилеп 8.237, активни 444, Тетово 7.172, активни 447, Битола 6.222, активни 725, Велес 5.444, активни 382, Гостивар 5.146, активни 286, Кавадарци 5.135, активни 221, Охрид 4.959, активни 406, Штип 4.935, активни 251, Струмица 4.073, активни 226, Струга 2.962, активни 140, Кочани 2.755, активни 155, Кичево 2.511, активни 239, Гевгелија 2.185, активни 164, Неготино 2.173, активни 133, Свети Николе 1.511, активни 102, Ресен 1.222, активни 178, Крива Паланка 1.215, активни 47, Радовиш 1.112, активни 90, Берово 1.024, активни 26, Делчево 959, активни 68, Дебар 935, активни 25, Виница 851, активни 116, Пробиштип 779, активни 21, Валандово 664, активни 19, Богданци 494, активни 42, Крушево 489, активни 72, Демир Капија 396, активни 15, Демир Хисар 394, активни 60, Кратово 361, активни 10, Македонски Брод 356, активни 4, Пехчево 265, активни 14, Македонска Каменица 239, активни 17, Дојран 132, активни 4.