![Христијан Мицкоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/mickoski-2-2.jpg?resize=696%2C445&ssl=1)
Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР? – пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?
Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.
Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада“ – пишува Мицкоски.