Филипче пак ги остави здравствените работници со празни раце, покачување од 5% и овој месец нема

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш ги извиси здравствените работници за покачување на нивната плата за 5%.

Според информациите од здравствените работници од здравствените установи и овој месец немаат добиено покачена плата како што ветуваше министерот за здравство Венко Филипче за околу 5%.

Министерот за здравство Венко Филипче за покачување на мартовските плати на здравствените работници најави уште на 9-ти март на „Утрински Брифинг“. Во истото интервју дадено за „Утрински Брифинг“ министерот истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот персонал вработен во здравствените установи.

А, на 12.03.2021 на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче напиша:

„Тоа што од неодамна го реализиравме е зголемување на платите за 5% на вработените во здравствениот сектор започнувајќи со априлската плата, а се однесува на мартовскиот изминат месец. Продолжуваме и понатаму да ги дебатираме и унапредуваме економските и социјалните интереси на медицинските работници…“, пишува министерот за здравство Венко Филипче.

Од Министерството за здравство посочуваат дека во континуитет се инвестира во човечки ресурси, освен зголемување на платите на здравствените работници и останатите вработени во јавно здравствените установи, во услови на КОВИД пандемија се реализираа 446 нови вработувања во јавното здравство. Со новите вработувања и зголемувањата на платите, се создаваат услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја.

Здравствените работници не го добија покачувањето од март во априлска плата, а ниту сега во мај им е исплатено покачувањето. Револтот од страна на здравствените работници расте бидејќи деноноќно се борат со невидливиот непријател, а министерот за здравство Венко Филипче ги лаже за покачување на платите.