
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, во средата се сретна со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, при што изразена благодарност за поддршката од Будимпешта за Скопје и е истакната потребата од почетокот на преговорите со Европската униија и борбата против криминалот во земјата, се вели во партиското соопштение.
„Во текот на средбата (…) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја изрази големата благодарност за помошта која Унгарија ѝ ја даде на Македонија во текот на кризата со пандемијата, но и поддршката која континуирано ја дава неговата држава на нашите евроинтеграции. Воедно се заблагодари за донацијата на вакцини против корона, што после помошта од нашиот северен соседа, е втора поединечна донација на држава пријател на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на разговирите, како што се додава, Мицкоски ја истакнал потребата од скорешен старт на безусловни преговорите на Македонија и Европската унија, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на земјата Македонија и тоа ќе значи реални реформи со помош од европските партнери.
„Мицкоски истакна дека Македонија, за жалм поради состојбата во која се наоѓа, секој месец трпи назадување на сите полиња, а особено на полињата на борба со криминалот, владеењето на правната држава, економијата и речиси сите аспекти на живеењето. Откочувањето на процесот би бил гаранција дека нема да се случуваат скандали од типот печатење на 214 официјални пасоши на светски криминалци, злоупотреба на европски средства, криминални тендери или јавни набавки во кои највисоки структури на власта на дневна основа се поврзуваа со криминални скандали и коруптивни афери“, истакнуваат од опозициската партија.
Мицкоски пред шефот на унгарската диплоатија потенцијарал и дека Македонија е држава која има потенцијал и која не заслужува да биде рангирана со земји од третиот свет по корупција, сиромаштија и справување со ковид-кризата само поради лошото владеење на оваа власт, туку напротив со стартување на преговорите и промена на актуелната владејачка гарнитура ќе биде за брзо време компететивна на многу полиња и реформи со други европски земји.