ФОТО| Сообраќајка со повредени во Ново Лисиче, жителите револтирани поради исклучените семафори на крстосниците

Попладнево околу 18 часот се случила тешкаа сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Силевски Бато“ во скопската населба Ново Лисиче во која има повредени, известуваат очевидци во средата, а локалните жители се револтирани поради загрозување на безбедноста откако, според нив, повеќе од две семици сѐ уште семафорите се надвор од функција и на двете раскрсници.

Велат дека веќе 12-ти ден, жителите на населба Ново Лисиче, поточно во близина на на булеварот „Видое Смилевски Бато“ се соочуваате со голем проблем откако светлосната сигнализација и на двете раскрсници на булеварот не работи.

Тврдат дека сите семафори се исклучени, како за возила, така и за пешаци. Предупредуваат дека речиси секојдневно се сведоци сообраќајни незгоди, поради исклучените семафори.

Надлежните очигледно дека воопшто не се заинтересирани во решавањето на овој навистина голем проблем.