![pendarovski MIA](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/pendarovski-MIA.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Претседателот Стево Пендаровски учествува на десеттиот јубилеен состанок на Процесот Брдо-Бриони во Словенија, на кој, како што напиша на својот фејсбук-профил, со претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, разговараат за справувување со последиците од пандемијата и економско закрепнување на регионот на Западен Балкан.
„Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа. Историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Регионалната соработка е клучна за побрз напредок на земјите од Западен Балкан“, напиша Пендаровски на Фејсбук.