Ниеден полицаец нема да биде обвинет за смртта Ендрју Браун џуниор, афроамериканецот убиен во неговиот автомобил во април во американската сојузна држава Северна Каролина, објави во вторникот државниот обвинител задолжен за овој предмет, а семејството на настраданиот ја осуди оваа „навредлива“ одлука.
„Иако трагична, неговата смрт може да се оправда“, изјавил државниот обвинител на округот Пасквотенк, Ендрју Вомбл на прес-конференција, каде по првпат јавно ја преставил верзијата на властите за инцидентот кој уште еднаш ги потресе САД во контекстот на полициската бруталност со расна заднина.
Обвинителот рече дека седум полицајци со налог за апсење во рамјите во истрага за трговија со дрога, дошле во домот на овој 40-годишник во Елизабет Сити утрото на 21-ви април. Го нашле во автомобил паркиран пред куќата. Го опкружиле возилото и со вперено оружје му наредиле да излезе, но тој се обидел да побегне.
„Решил демонстрацијата на сила да ја претвори во примена на сила. Го насочил автомобилот кон еден од агентите“, изјави обвинителот Вомбл и оценил дека била „разумна“ одлуката на полицајците за отворање оган за да ја спречат таа „очигледна опасност“.
Прецизираше дека во 44 секунди тројца полицијци истрелале 14 куршуми, од кои два го погодиле Браун, од кои оној во тилот бил смртоносниот.
Тој податок претходно го објави семејството на настраданиот врз основа на независен извештај од обдукцијата. Калил Фереби, еден од синовите на Браун заклучил дека неговиот татко е „погубен“.
.