Влез во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија, Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција…
Публиката годинава беше подложена на ригорозни мерки за заштита од корнавирусот, сите беа тестирани 36 часа претходно како и самите учесници. Втората вечер ја отвори Сан Марино, Естонија, Чешка, Грција, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија. а второто полуфинале го затвори настапот на претставниците на Данска.
Од балканските земји, во втората вечер настапи Србија, која заедно со Албанија, Швајцарија и Данска беа единствените земји кои пееја на сопствениот јазик.
Дента пред самиот настап, еден од членовите на претставници на Исланд беше тестиран позитивен на корона и поради ригорозните правила на годинашната Евровизија, целиот бенд замина во изолација, а беше пуштена нивната изведба од пробата од 13 мај. Снимката од пробата исто ќе се емитува во финалето.
По.завршувањетои на гласањето, беа претставени и песните на земјите учеснички кои автоматски секоја година настапуваат во финалето, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Германија како и Холандија како победник од пред две години.