И покрај примената вакцина 664 луѓе во Македонија се заразиле со коронавирусот а 22-ца починале

Во Македонија дури 22 пациенти починале од коронавирусот и покрај тоа што примиле вакцина против Ковид-19. Овие податоци се од Министерството за здравство кои што велат дека од починатите 17 се разболеле во првите 14 дена по примена прва доза од вакцината. Бројката на вакцинирани граѓани заразени со вирусот е 664.

„Од вкупниот број на заразени после вакцинација, 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината. Од вкупниот број на починати лица (22), 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината, информираат за Алфа од Министерството за здравство.

Целата објава може да ја погледнете ТУКА.