При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово. Според него се разгледувале два пристапи за инвестирање во однос на летен и зимски туризам.
– Едниот пристап Попова Шапка како можност за инвестирање не само во зимскиот туризам туку и во летен спортски туризам. Беше покренато прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар. Исто така го претставивме и како регионален центар заедно со Косово, да ги претставиме двете страни, од планината бидејќи очигледно големите инвеститори бараат поголеми регионални пазари и можноста регионално да се претставиме е секогаш поатрактивна. Почнуваме со оваа кампања за промовирање на нашите потенцијали и на странски инвестиции и затоа сме тука, за покоординиран пристап, нашите дипломати да се распределуваат низ светот – истакна Бујар Османи.
Градоначалничката Теута Арифи вели дека општината има волја и интерес за соработка со државните институции со оглед на економската и развојна важност на Попова Шапка.
– Се работи за одвоени ингеренции за нас како Општина Тетово. Сепак за граѓаните Попова Шапка е важна не само за туризам туку и за развој на целиот полошки плански регион. Од овој аспект сме во постојана координација со Владата затоа што на сите ни е јасно дека таму е потребна длабока физибилитија студија која веќе е направена исто така и инвестиција од многу поголеми размери која би требало да дојде од меѓународни буџетирања и извори.Од аспект на обврски што ние како општина ги имаме во однос плански документации и друго, апсолутно сме спремни да бидеме од голема помош и поддршка. Тоа ние обврска да го реализираме. Имаме историја на еден детален урбанистички план кој е во една долга меѓусебна комуникација на Министерството за транспорт и врски и Општина Тетово. Се надевам дека во однос на тоа сме побарале да нема одолговлекување во однос на позитивните одговори за да може тој да биде реализиран – истакна Теута Арифи.
На прес-конференција во Владата, министерот за еконимија Крешник Бектеши исто така одговорајќи на новинарско прашање, истакна дека за Попова Шапка нема интерес од Абу Даби, туку од европските земји.
– Што се однесува до инвеститорот кој беше наведен во обраќањето на премиерот не е од Абу Даби но секако дека ние сме отворени да добиваме понуди од сите страни по однос на развој на Попова Шапка. Инвеститорите доаѓаат од Европа и секако дека имаат конкретен предлог кој ќе биде разгледан и би требало да се одлучи во текот на оваа година. Секако дека со Брезовица можноста останува за да можеме да ги поврземе двата ски центри и во дел од Косово и во делот на нашата држава,сме пратиле писмо до косовската влада и очекуваме тоа да се разгледа – изјави Бектеши.