Најмалку двајца убиени и 20 ранети во пукање во Мајами

Најмалку две лица се убиени и повеќе од дваесет други се ранети во пукање пред билијард клуб во Мајами на Флорида, објави во неделата тамошната полиција.

„Јас сум на местото на кое се одвиваше уште едно насочено и кукавичко пукање во кое се повредени повеќе од 20 лица, а две, за жал, загинаа“, објави на Twitter шефот на полицијата на округот Мајами-Дејд, Алфредо Фреди Рамирез.

Бело теренско возило „нисан патфиндер“ пристигнал на местото на настанот во Хајлех во Мајами околу полноќ по локално време, по што три лица со пушки и пиштоли отвориле оган на масата луѓе кои се собрале пред концертот во билијард клубот, пренесува телевизијата CNN.

Полицијата објави дека бара помош од очевидци на настанот, додека ги прегледува снимките од надзорните камери во околината и собира докази.