
Екипата на Вардар 1961 ја одбрани титулата во македонското ракометно првенство совладувајќи го вечерва скопскиот ривал Металург со 39:27 во последниот натпревар сезонава во Суперлигата.
За Вардар 1961 ова е вкупно 14-та титула во клупската историја и шеста едноподруго во македонскиот ракомет.
Сезоната 2020/21 ракометарите на Вардар ја комплетираа со двојна круна, триумфирајќи претходно и во Македонскиот куп.
Во преостанатите натпревари од завршното коло во плејофот, Еурофарм Пелистер го декласираше Охрид со 30:14, Бутел минимално го совлада Еурофам Пелистер 2 со 29:28, додека Тинекс Пролет славеше гостинска победа над Струга со 30:23.