Јаревски вели СДСМ сака да ги бетонизира Карпош и Водно, поднесовме жалби за поништување на ДУП-овите

СДСМ на едната страна со веќе јасно видлива намера за бетонизација на Водно и Карпош, на другата страна ние заедно со граѓаните и свесниот дел од јавноста за последиците од нивните политики цврсто решени да ги спречиме во намерите и да го запазиме интересот на граѓаните, обвинува Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поднесовме жалба со 11 сериозни основи за поништување на Одлуката за спорниот ДУП Ј04.

Барам и очекувам поддршка од сите граѓани во Општина Карпош“ – вели тој.