Десет малолетници и тројца полнолетни приведени од забава во 4 часот наутро

Денеска (06.06.2021) во 03.49 часот, по претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар извршиле контрола во домот во кој престојува 24-годишниот В.М. од Скопје.

При контролата, освен В.Г., биле затекнати уште 13 лица, три полнолетни и десет малолетници на возраст од 16 и 17 години, и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Covid-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија