Германија воведува строги контроли на центрите каде што се изведуваат тестирања на коронавирусот, поради сомневање дека некои такви приватни центри државата им плажа, го зголемуваат бројот на тестираните лица, покажуваат плановите на министерството за здравство.
Шефовите на центрите, кои минатите седмици беа отворени во барови, кафулиња и на други локации во Германија како дел од брзоширечката мрежа, ќе бидат ставени под постоги контроли, а цените кои ги наплатуваат дека ќе се намали.
Сомневањата од масовни измами се појавија по медиумските извештаи дека некои места за брзо тестирање пријавувале поголем број на тестовите отколку што дошле луѓе за тестирање.
Ваквото истражување први кон крајот на мај го објавија јавните радиодифузни мрежи WDR и NDR и дневниот весник Süddeutsche Zeitung.
Двајца мажи се уапсени под сомневање за измама, изјави во петокот јавниот тужител во западниот германски град Бохум.
Водителите на центрите за тестирање ќе може да наплаќаат 8 евра за земање брис, а не 15 евра како досега, односно 12 евра колку што е цената кај медицинските и другите слични установи.
Сојузните и покраинските власти ќе проверуват на самото место за да се увереат дека приватните места за тестирања се придржуваат до стандардите и дека се веродостојни.
Дополнително, сите даватели на услугите за тестирање на коронавирусот, ќе мора да се приклучи на апликацијата која го бележи бројот на заразените, за резутлатите од тестирањата да можат и таму да бидат прикажани.