Ратко Младиќ денеска пред конечна пресуда

„Јас не го убив својот народ, туку НАТО и неговите подредени. Србите не се виновни, а НАТО е криминалец. Браќа и сестри, вие сте жртви. Лаже секој што вели поинаку. Илјадници српски граѓани умираат од осиромашен ураниум“.

Вака зборуваше генерал Ратко Младиќ пред Меѓународниот механизам за кривични судови, кој денеска во 15 часот ќе му ја изрече конечната пресуда за воените злосторства во БиХ од 1991 до 1995 година.

По повеќе од 10 години притвор, бившиот командант на Армијата на Република Српска утре ќе ја слушне пресудата. Иако во ноември 2017 Младиќ веќе беше осуден на доживотен затвор, работата на Хашкиот трибунал ја презеде Меѓународниот механизам за кривини судови кој последен ќе треба да пресече.

– Ова е лажна пресуда и не ja признавам. Лажниот судија (Алфонс) Ори ми донесе нејасна доживотна казна затвор … Затоа што ги бранев својот народ и земја од НАТО и нејзините сатрапи. НАТО е илјада пати полошо од Наполеон и Хитлер! Тие убија половина од населението на Блискиот исток. Украина, Сирија, Либија … – се бранеше Младиќ.

Облечен во бела кошула со палецот свртен надолу, а под палецот напишано „НАТО“ со црни букви, Младиќ десетина минути зборуваше со кренат глас, додека новоизбраниот судија Теодор Мерон го предупреди дека „ова не е темата на сесијата“.

Адвокатот на Младиќ, Тома Фила и неговиот пријател Војислав Шешељ не се оптимисти и сметаат дека пресудата е напишана однапред.

– Мислам дека тоа е антисрпски суд и дека не може да се очекува правда. Јас сум прилично песимистички расположен. Кога читав во Хаг и го слушав синот на генералот Младиќ, ми се појави зрак на оптимизам, но не сум сигурен – рече Тома Фила.

Според Фила, новиот судија не ни можел да ги прочита сите списи од предметите во постапката бидејќи имал само три месеци, а постапката трае повеќе од 10 години.

Обвинет за убиства на цивили и за Сребреница

Во изменетото обвинение, Ратко Младиќ е обвинет за две точки за геноцид, седум точки за злосторства против човештвото и шест точки за кршење на законите или воените обичаи.

Во изменетото обвинение се тврди дека Ратко Младиќ бил назначен за командант на 9 корпус на Југословенската народна армија (ЈНА) во Книн, за време на борбите меѓу ЈНА и хрватските сили. Потоа бил унапреден во чин генерал-мајор од страна, подоцна во чин генерал-потполковник, а на 25 април 1992 година е назначен за началник на штабот, заменик командант во командата на Вториот воен округ на ЈНА во Сараево.

Се тврди дека силите под надзор на Ратко Младиќ е отворен артилериски, минофрлачки и снајперски оган врз цивилни делови на Сараево, убивајќи и ранувајќи цивили. Покрај тоа, илјадници несрпски лица биле депортирани или присилно преселени од овие општини, а многумина биле убиени или приведени.

Обвинението тврди дека помеѓу 13 и 19 јули 1995 година биле убиени над 7.000 приведени приведени босански муслимани во областа на Сребреница.

Ратко Младиќ беше уапсен во Србија на 26.05.2011 година. Тој се криеше 16 години од поднесувањето на првото обвинение од Хашкото обвинителство. Четири дена по апсењето, Младиќ беше префрлен во Одделот за притвор на Обединетите нации во Хаг, Холандија, каде се наоѓа и денес.