Кошаркарите на Јута Џез поведоа со 1-0 во серијата до четири победи против Лос Анџелес Клиперс во полуфиналето од доигрувањето во Западната конференција од НБА лигата, додека на Истокот Филаделфија 76ерс израмнија во соочувањето со Атланта Хоукс.
Пред 18.000 гледачи Јута победи со 112:109, иако гостите имаа солидно водство во првото полувреме. Клиперс првата четвртина ја завршија со седум коша предност, а на полувремеот отидоа со „плус 13“ односно 60:47. Но Џез веќе во почетните минути од тетата четвртина намалија на три коша заостанување (59:62), а на три минути пред крајот на третата делнициа стасаа и до водството од 72:71. Почетокот на последната четвртина мина во израмнета ира, но домашните пет минути пред крајот успеаја да се одлепат на десет поени предност која ја сочуваа до крајот.
Одличниот Донован Мичел го влечеше Јута Џез до победата кој постигна 45 коша, од кои 32 во второто полувреме со три скокови и пет асистенции. Мичел шутираше 30 пати погодувајќи го кошот 16 пати од игра при што впиша шест „тројки“. Џордан Кларксон и Бојан Богдановиќ додадоа по 18 поени, а Руди Гобер 10 коша со 12 скоови.
Кај Клиперс најефикасни беа Кави Леонард со 23 коша и 7 скокови, и Пол Џоџ со 20 коша и 10 скокови, но вкупно погодија 16 од 30 обиди.
Вориот дуел од оваа серија се игра ноќта кон петокот, повторно во „Вививнт Арена“ во Солт Лејк Сити.
Во вторниот меч игран изминатата ноќ, Филаелфија 76ерс со 118:102 ги победија Атлатнта Хоукс во серијата до четири победи и израмнија на 1-1.
Извонредниот Џоел Ембид ги предводеше Сиксерс со 40 коша, 13 скокови и по две асистенции и две украдени топки. Тобијас Харис додаде 22 коша со шест скокови, а Сет Кари впиша 21 поен.
Во екипата на Атланта најефикасни беа Три Јанг со 21 кош и 11 асисенции, Данило алинари со 21 поен и 9 скоковои, и Кеви Хартер со 21 кош.
Третиот дуел на распоредот е ноќта од петок кон саботата во Атланта.