Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван, е задовлен од противниците кои ги добивме во групата на Светското првенство во Катар, наредната година.
„Мора да се бидам задоволен од групата. Ми се допаѓа дури и групата со која вкрстуваме, која не е нималку лесна, но сигурно е подобра за нас од групите Ц и Д. Добивам шанса да се сретнам со Хрватска, со мојата земја и веднаш ќе кажам дека воопшто не стравувам од овој дуел. Знаеме се што може да се знае за оваа селекција, која е дел од врвот уште од 2003 година, но верувам дека ќе истрчаме на терен без ронка страв и ќе се обидеме во она што не им успеало на многумина, да се совлада Хрватска на едно големо натпреварување# , изјави Обрван