Сара Џесика Паркер сподели фотографија на својот Инстаграм на која позира со колешките од серијата „Сексот и градот“ – Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Актерките се собраа во пресрет на снимањето на новите епизоди од популарната серија.
„Повторно заедно. Ги прочитавме првите епизоди од серијата и се дружиме со старите пријатели, но и со новите членови на тимот”, напишала Сара под фотографијата на која собра речиси 1,5 милиони лајкови
„Те сакам засекогаш“, ѝ порачала Кристин во коментарите, а обожавателите се воодушевени од повторното обединување на sвездите на „Сексот и градот“.
„Многу сум возбудена“, „Срцето ќе ми експлодира“, „Неверојатно. Едвај чекам“, се само дел од коментарите, но многу фанови се разочарани поради тоа што Ким Катрал, која ја играше Саманта, нема да се појави во новите епизоди.
„Каде е Саманта?“, „Дали Саманта ве фотографираше?“, „Но, ги сакаме сите четири. Сериозно, повикајте ја Саманта“, „Без Саманта не е исто“, порачаа тие.
Во новите епизоди ќе појават и Крис Нот, кој го играше Ѕверката, Дејвид Ајгенберг, кој го играше Стив Брејди и Џон Корбет односно Ејдн.
ФОТО: Инстаграм