Славко Штимац е во болница поради коронавирусот

Српскиот актер Славко Штимац хоспитализиран е во Воено медицинскиот центар „Карабурма“ поради ковид-19, пренесуваат белградските медиуми.

Тој пред 10 дена бил примен во болница поради воспаление на белите дробови, предизвикано од коронавирусот.

– Штимац е сместен на ВМЦ поради пневмонија. Неколку дена бил на кислородна поддршка, но за среќа неговата здравствена состојба не бара тој да биде на интензивна нега. Речиси целосно закрепна од воспалението на белите дробови и за 2 до 3 дена би требало да биде пуштен дома – вели извор за српски Курир.