Затвореник пронајден мртов во кумановскиот затвор

М.Ј. (58) од село Старо Нагоричане кој отслужувал казна во затворот „Кшање“, бил пронајден мртов.

Случајот е пријавен ноќеска, во 02:45 часот, во Полициската станица Крива Паланка.

М.Ј. бил пронајден во отвореното затворско одделение, а по насока на Јавен обвинител неговото тело е дадено на обдукција.