Класифицираните документи на британското министерство за одбрана, во кои меѓу другото е и анализата за операцијата разурнувачот „Defender“ кој минатата седмица предизвика инцидент пловејќи крај цноморскиот полуостров Крим, веројано се наоѓале во близина на автобуската постојка во југоисточната англиска грофовија Кент неколку дена, пред да бидат најдени од случаен минувач, објави во неделата телевизијата Sky News, повикувајќи се на владини извори.
Според изворот на телевизијата, британското министерство за одбрана станало свесно дека документите недостигаат пред една седмица, но не знаеле точно каде се загубени. Самите папки со класифицираните информации на вкупно 50 страници слчаен минувач ги нашол на 22-ри јуни, ден пред инцидентот со разурнувачот „Defender“ во Црното Море, кога според руското министерство за одбрана врз британскиот борбен брод поради навлегува во руските тертиторијални води руските бродови отвориле предупредувачки оган, а борбен авион исфрлил предупедувачки четири бомби по насоката на неговото пловење.
Според извештајот на Sky News, министерството за одбрана на Обединетото Кралство го истражува случајот и според прелиминарните сознанија, документот, вклучително и отпечатени електронски писма и компјутерски презентации во PowerPoint, биле изгубени од висок функционер во министеството за одбрана.
„Министерството за одбрана заштитата на информациите ја сфаќа исклучлително сериозно, и поради тоа службеникот за губењето известил навремено“, го цитира Sky News потрпаролот на министерството за одбрана кој одбил да даде повеќе поединости за истрагата.
Притоа потврдил дека минале неколку дена меѓу пријавата за исчезнувањето на документите и нивното подоцнежно пронаоѓање од случаен минувач.
Документите, како што претходно во неделата објави BBC, биле пронајдени во вторникот наутро, како наводенето купче хартија во задниот дел на автобуска станица во Кент, од лице кое побарало да остане анонимно кои го контактирало BBC, кога ја сфатил чувствителната природа на документите.
Нивната чувствителност се состои во тоа што во документите се тврди дека Велика Британија донела одлука нејзиниот разурнувач да мине близу брегот на Крим кој во 2014 година стана дел од Руската Федерација но кој Западот го смета за нелегално анектирана украинска територија. Целта на ваквото решение била да се демонстрира поддршка за властите во Киев и да се покаже дека Лондон не стравува да ги користи тие води кои ги смета за украински.
Во презентацијата, како што опишува BBC, се вели дека пловидбата на разурнувачот во Црното Море била наречена „Операција Дитроит“, веројатно произлезено до карпа во областа. Притоа се разгледувале две опции за пловидба на разорувачот од украинскиот јужно црноморско пристаниште Одеса кое е под силна конценрација на украинската војска поради големата руска и рускојазилна задница во тој регион до грузиското пристаниште Батуми и реакцијата на Русија на тоа.
Првата опција е опишата како „безбедна и професионална“, вклучително по „шемата за раздвојување на движењето“ во близина на брегот на Крим. Истовремено, британската армија разгледувала неколку опции за возвратна реакција од страна на руската флотила и авијацијата од „безопасни и професионални“ до „небезбедни и непрофесионални“. Овојпат, како што било наведено во презентацијата, „ќе се даде можност за содејство со украинската влада (…) во територијалните води на Украина признати од Велика Британија“ и покрај можните ризици.
„Втората анализирана варијанта претпоставувала дека разурнувачот ќе мине далеку од Крим, што ќе овозможи избегнување на конфронтацијата. Сепак, во британското министерство за одбрана стравувале дека Москва тоа може да го сфати како знак дека „Велика Британија се плаши или се одбегнува“ конфронтација и оти го признава суверенитетот на Русија над тие води. Поради тоа, изборот паднал на првата опција.