Нова социјална мрежа се појави во интернет пространството, за којашто медиумите во четвртокот пишуваат дека е проект на тимот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој е трајно или привремено блокиран од компаниите сопственици на најголемните социјални мрежи.
Мрежата GETTR, достапна меѓу другото и во продавниците за апликации за паметните телефони на Apple и Google, според функционалноста потсетува на сервисот за микроблокирање Twitter. Себеси се позиционира како платформа „ослободена од пристрасност и им овозможува на сите слободбо да го искажат своето мислење“.
Според весникот Politico, на чело на GETTR е поранешниот портпаролот на репубиканскиот претседател, Џејсон Милер. Но, се додава дека засега не е јасно на кој начин и до кое ниво во овој проект е инволвиран Трамп. Досегашната сметка на „тимот на Трамп“ содржи три објави со фотографии во кои се искажуваат пофалби за поранешниот челник на САД и критикуваат неговите противници.
Самиот Трамп веќе има профил на социјалната мрежа, но засега на неа нема објави. Бидејќи платформата засега нема објавено правила за проверка на сметките, сѐ уште не може да се потврди дали станува збор за автентична сметка на поранешниот претседател
Водечките голем платформи за социјалните мрежи, меѓу кои во прв ред Facebook, YouTube и Twitter, ги блокираа профилите на Трамп со повеќе десетици милиони следбеници, откако тој ги оспори минатогодишните претседателски избори тврдејќи дека тие се украдени во полза на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден и беше обвинет дека го поттикнал упадот на Капитол Хил во Вашингтон.