Одбраната во случајот „Топлик“ на денешното рочиште побара изземање на поротникот Митко Сандев. Одбраната наведува дека кај овој поротник има конфкит на интереси бидејќи е член на политичка партија која е дел од власта.
-Лицето Сандев е дел од статутарната комисија на Партијата на пензионери, која пак е дел од коалицијата предводена од Зоран Заев. Згора на тоа, Илија Николовски е пратеник од владејачката коалиција, наведе одбраната.
Од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколкупати реагираа околу судијата-поротник за кого побараа од судот негово изземање, не само поради судир на интереси, туку и поради тоа што со навршени 60 години тој законски треба да оди во пензија, а е дел, не само во овој голем случај, туку и од случаите „Талир 1“ и „Талир 2“.