Стоилковски: СДСМ ги искажа скопјани за парк во центар, но формираше градежен плац од 13.000 квадрати

СДСМ ги излажаа скопјани за парк во центарот на Скопје наместо облакодери, додадоа 9.000 м2 на градежниот плац! Наместо менување на ДУП-от за парк наместо облакодери тука во центарот на Скопје, наместо ветуваниот парк, СДСМ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски продадоа дополнителни над 9.000 м2 за дооформување на градежна парцела за облакодерите, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портапорл на ВМРО-ДПМНЕ.

@ За споредба, првичниот плац за облакодерите беше 4.000 квадратни метри, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13 000 метри квадратни! На 4 000 метри површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ и нивниот ресорен министер Сугарески, допродадоа државно земјиште за дооформување на парцелата и го шири градежниот имот на над 13 000 метри квадратни за нови облакодери во центарот на Скопје, вели тој.

Стоилковски прашува: Што е ова ако не е лага? Што е ова ако не е изигрувања на очекувањата? Што е ова ако не е недостаток на морал? Што е ова ако не е тешка лага? Што е ова ако не изигрување на дадениот збор?

– Ќе потсетам што се ветуваше и како ја ширеа лагата, искажани преку зборовите на Мирослав Грчев. „Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план“, па Грчев продолжува – „Треба да бидат избришани облакодерите бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот“. СДСМ ИЗЛАЖА за парк наместо облакодери во Центар, до толку што 4 000 метри квадратни ги направија 13 000 метри квадратни. СДСМ е извор на лаги и разочарувања, СДСМ е најлошото за Центар, СДСМ е најлошото за Скопје, СДСМ е најлошото за Македонија, додаде тој.