Кинезот Гуо Гантанг и неговата сопруга Жанг Венге 24 години преживувале вистинска трагедија откако им го грабнале тогаш двогодишниот син а нивната емотивна средба по речиси четвртина век го расплака светот.
Во 1997 година на сега 51-годишниот Гуо во источната покраина Шандонг му го киднапирале синот, а тој целиот тој период досега го посветил на враќање на своето дете. Патувал по цела Кина со мотоцикл на кој било истакнато знаме со последната фотографина на синот, а во торбата имал само летоци кои ги истакнувал насекаде.
Во таа цел во 2012 година Гуо покренал беб-страница а две години подоцна и хуманитарна организација за помош на другите родитело на киднапираните деца. Неговата потрага по синот во 2015-та била инспирација за филмот „ Lost and Love“ во кој се појавува хонконшката ѕвезда Енди Лау.
И по 24 години се случило чудото. Полицијата во јуни во централната кинеска покраина Хенан го пронашла лицето кое одговара на описот и по проверката на ДНК тестот е веродостојно е утврдено дека станува збор за синот на Гуо, кој сега има 26 години и станал во меѓувреме станал учител. Од неодамна е споен со својето семејство, а средбата на таткото и синот го трогна целиот свет.
Како што објави кинеската полиција, Гуо Ксинжен, тогаш дво иполгодишен, бил грабнат од жена и нејзиниот партнер кои го одвеле во северозападната провинцијата Хебеи, која го опкружува главниот град Пекинг. Оттаму бил продаден на брачна двојка во централна Кина.
Киднаперит се индетификувани во медиумите само според нивните презимиња Танг и Ху, биле приведени и признале дека грабнале три момченца. Според кинеската полиција засега не се изведени пред судот, но се наведува дека за вакви дела можна е и смртна казна.
Киднапирањата на деца за продажба беше често пријавувана појава во Кина, иако не постојат веродостојни службени податоци колку се чести.
Проблемот се влошуваше со ограничувањата кои на сила беа до 2015 година, кога на повеќето двојки во урбаните седини им беше дозволено само едно дете. Истовремено имаше појава и кога новородените момченца се продавани на двојите кои сакале син кој ќе ги поддржува финансиски на старост, а девојченцата кај оние кои сакале да ги чува во повозрасните години, или да одгледаат невеста за синот единец.
Децата се продаваат на уште најрана возраст за да не би се сетиле на своите имиња или на родните места, а таквите деца се и цел на киднаперите. Поради тоа, воспоставен е ткн „анти-киднапирачки ДНК систем“.