Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес, каде здравствените работници се борат со алармантно зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од многу заразна варијанта Делта на коронавирусот
Лос Анџелес, каде живеат 10 милиони луѓе еден од неколкуте окрузи каде властите неодамна препорачаа или наредија носење маски и други мерки против пандемијата.
Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес побара носење маски во затворени јавни простории и фирми, без оглед на тоа дали граѓаните се вакцинирани или не.
Потегот следува по шест дена во кои се пријавени повеќе од 1.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 во округот Лос Анџелес, а заклучно со средата, речиси 400 лица се хоспитализирани, за 275 повеќе од претходната недела. Девет нови смртни случаи од Ковид-19 беа пријавени во средата.
Вчера беа пријавени повеќе од 1.500 нови случаи на инфекција, што го прави округот место на „значајно“ пренесување на инфекцијата.
Другите држави исто така се борат со скок на бројот на пациенти со мутиран коронавирус познат како Делта, кој главно ги напаѓа оние кои не се вакцинирани.