Протести против депонијата Буково: Бевме арома сега сме реа!

„Чувајте ја природата или напуштете ја“, „Стоп Еко зона“, „Бевме арома сега сме реа“ се само дел од паролите со кои жителите на селата околу превојот Буково, со протест го изразија својот револт поради горењето на депонијата. Тие го блокираа пристапот на камионите и бараат дислокација на, како што велат, еколошката бомба која за загадува природата.

Мештаните се жалат дека чадот и неподносливата миризба влијае и на здравјето на луѓето тие велат дека загадениот воздух предизвикувал малигни заболувања на белите дробови.

Жителите велат дека не застануваат тука најавија нови блокади и тужби против надлежните за депонијата Буково.

Од ЈП Охридски Комуналец, пак, на став дека станува збор за проблем кој трае 20 години и апелираат да се воведат почести контроли за да се спречи палењето.