Приведен дилер од Скопје

Единицата за недозволена трговија поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.Р. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 13.01.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле марихуана.