Прв златен медал за Словенија на Олимпијдата во Токио

Кајакарот Бенџамин Савшек и го донесе на Словенија првиот златен медал на Летните олимписки игри во Токио.

Савшек славеше на трката на кајак-кану на диви води на убедлив начин откако патеката ја помина за време од 98.25 секунди.

Сребрениот медал му припадна на Лукаш Рохан од Чешка, додека со бронзениот медал се закити Германецот, Сидерис Тасиадис.

За Словенија ова е втор медал на игрите откако претходно на првиот натпреварувачки ден Тадеј Погачар во друмската велосипедска трка ја освои бронзата.