Над два милиона беглаци се вратиле во своите домови во Сирија

Повеќе од два милиона сириски граѓани се вратија во својата татковина, изјави во понеделникот челникот на Рускиот национален центар за државна одбрана, генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој е и шеф на Заедничкиот координативен центар за бегалците коишто се враќаат во Сирија и обвини некои од европските земји за лошите состојби во некои од бегалските кампови на сириска териорија.

„До денеска, повеќе од 2.278.000 сириски граѓани се вратија во своите домови, над 1.362.000 се внатрешно раселени лица, а над 915.000 бегалци се дојдени од странство“, рече Мизинцев на состанокот на Заедничкиот координативен центар на кој присуствуваа руски и сириски претставници.

Информиршае дека се поставени десет контролни пунктови, кои работат деноноќно за да го олеснат враќањето на бегалците.

Некои европски земји понесуваат дел од одговорноста за состајбата со внатрешно раселените сириски бегалци во кампот „Ал-Хол“, додаде Мизинцев.

„Одоговорноста за критичната состојба во (бегалскиот) кампот Ал-Хол паѓа и на европските земји, коишто не преземаат никакви решителни мерки за прифаќање на своите државјани кои се бореа на страната на Исламската држава“, рече рускиот генерал.

Прецизираше дека тоа се должи на стравувањата на тие земји дека ќе имаат проблеми во процесот на рехабилитација и ресоцијализација на поранешните радикализирани џихадистички борци нивни државјани.