Мицкоски: Ќе направиме автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна, ќе се забрани увоз на тутун додека не се откупи домашниот

Им благодарам на прилепчани што во голем број се денеска овде во Центарот на Прилеп за да може да разговараме за иднината, да зборуваме за тоа како треба Прилеп да изгледа во иднината, а не како што е денеска, би рекол град кој што е целосно застанат во времето. Град во кој што царува криминалот, царува корупцијата, град во кој што практично недалеку од оваа бина од овде имаме информации и сознанија дека практично се продаваат и тргуваат наркотични средства, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христина Мицкоски, на почетокот на денешната трибина во Прилеп.

Мицкоски посочи дека Прилеп и неговите жители се засрамени од началникот на одделот за внатрешни работи кој беше уапсен поради основано сомнение дека врши нелегална трговија со наркотични средства и, како што додадел, со уште многу други работи коишто за жал изминативе четири години го ставија Прилеп на дното на приоритетите на актуелнатга влада на СДСМ.

„Сето она коешто беше претходно започнато, за жал, денеска е со коров и со трева обраснато, тоа што е изградено пропаѓа поради неспособноста на централната власт, но и сто така и поради неспособноста на локалната власт. Од спортски клубови кои што се бореа за врвот на табелата во првата лига, денес имаме спортски клубови кои што се борат посебно тука акцентот го ставаме на фудбалскиот клуб којшто се бори да опстане во фудбалската лига“, рече Мицкоски.

Оцени дека станува збор навистина за порази и порази изминатите четири години.

„Сакаме да понудиме иднина и она што навистина повторно ќе го врати приоритетот на Прилеп, град кој што е најразвиен и најперспрективен град во Македонија. Така што денеска тука во Прилеп ќе имаме можност да го промовираме проектот кој што започна овде од Прилеп, а тоа е проектот изградба на ново автопатско решение Скопје Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија. Но исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина. Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче кој што е овде човек за кој што веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко и идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп, и да го крене од ова мочуриште во кое што денеска се наоѓа„, рече Мицкоски.