Кучково го кажа своето: Ќе блокираме и протестираме оти три години е утре, а тоа утре никако да дојде

„Фала Кучковци што се собравме од целата општина, каде што сме половина, да кажеме дека овој живот не е живот на +40 без капка вода три години. Убаво село ќе изгори, нит бавчиче нит голтка да се напие човек“, пишува на Фејсбук на страницата Ѓорче Петров од Иницијативниот одбор на МЗ Кучково.

„Ќе блокираме и протестираме, додека не се реши овој проблем. Три години е утре, утре, утре и никако да дојде тоа утре. И до тие што се закануваат на народот да не излегува, да знаете не се заканува на кучковци, дојдете и видете еден ден без капка вода како е.

Не бркате од општина како да сме стока, од џеб ќе ни ја вадите водата, е па ајде сега да видиме“, се истакнува по повод денешниот протест и додаваат:

„Кучково е темелот на Ѓорче, капка вода бараме! Градоначалник изгоревме за вода, како 19 век да е, кучковци молат за вода!, истакнува Иницијативниот одбор на МЗ Кучково.