Швајцарскиот претставник Јанг Бојс, португалска Бенфика и шведски Малме изборија во вторникот вечерта настап во натпреварувањето на по групи во годинешното издание на фудбалската Лига на шампионите.
Јанг Бојс и во реваншот во Будимпешта го совлада унгарски Ференцварош со 3:2, а бидејќи со истиот резултат славеше пред шест дена во Берн во првиот дуел, мина натаму со вкупен резултат 6:4. Гостите поведоа во 4 минута преку Зесигер, но до полувремето домашните направија пресврт со погодоците на Винг во 18 и Мамае во9 27 минута, за во продолжението Фазбахт и Мамбимби во третата минута од судиското продолжение да го одведат швајцарскиот шампион натаму.
Бенфика во Ајндховен одигра без голови со домашниот ПСВ, иако речиси еден час од мечот имаше имаш помалку. Со тоа ја одбрани предноста од 2:1 од првиот меч минатата седмица во Лисабон.
Малме пласманот во „елитата“ го избори и покрај поразот од 1:2 од бугарскиот претставник Лудогорец во Разград, бидејќи во првиот меч славеше со 2:0. Домашните поведоа во 10 минута со погодокот на Недјалков, а за Швеѓаните израмни во 42 минута Бирманчевиќ. Лудогорец повторно дојде до водство во 60 минута од пенал што го изведе Сотириу, но сепак до крајот немаше промена на резултатот.
Во среда ќе се играат преостанатите три реванш дуело од четвртото претколо, по кои ќе бидат познати сите 32 учесници во фазата по групи во Лигата на шампионите.
По првите дуели украински Шахтјор со мининална предност (1:0) дома го пречекува француски Монако. Загрепски Динамо на својот „Максимир“ ќе има извонредно тешка задача да го надомести заостанувањето од 0:3 од првото соочување со молдавски Шериф. Дански Бронбди пред своите навивачи ќе ја брка предноста на австриски Салцбург од 1:2.