На 25.08.2021 во 18.30 часот било пријавено дека на крстосница на ул.„1“ со ул.„2“ во с.Бразда, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“, со непознати регистарски ознаки, удрило во велосипед, управуван од М.Н.(35) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.
-Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.