Кошаркарските судии во НБА лигата ќе треба да се вакцинираат против корона вирусот, за да можат да судат натпревари во сезоната 2021/2022, објави денеска НБА лигата.
Одлуката е донесена во соработка со синдикатот на судии, а исклучоците ќе бидат можни само од медицински случаи.Лигата одлучи дека персоналот што ќе биде во контакт со играчите мора да биде вакциниран.
Покрај тренерите и физиотерапевтите, директивата вклучува новинари, фоторепортери и обезбедување што ќе бидат лоцирани во близина на играчите, објави американската телевизија ЕСПН.
Уште не е донесена одредбата за задолжителна вакцинација на играчите, а лигата ќе преговара со синдикатот на играчи.
Новата сезона во лигата ќе започне на 19 октомври со средбата на Милвоки и Бруклин.