Научниците предупредуваат на уште една опасност од постковидниот синдром

Американските научници откриле дека луѓето со постоковиден синдром често имаат намалување на функцијата на бубрезите, што се манифестира уште неколку месеци по болеста а понекогаш дури и кај оние кои имале поблага форма на болеста, покажува студијата објавена во списанието Journal of the American Society of Nephrology.

Кај многу луѓе кои биле заразени со коронавирусот, негативните ефекти од болеста опстојуваат неколку месеци по завршувањето на акутната фаза. Лекарите оваа состојба ја нарекуваат постковиден синдром или долготраен ковид. Неговите главни симптоми се чувство на слабост, отежнато дишење, главоболки и болки во мускулите, но и когнтивни и желудечно-цревни нарушувања.

Истражувачите од Медицинската школа при Универзитетот Вашингтон во Сент Луис и од Јавноздравствениот систем за ветерани на Сент Луис, анализирале приомероци од крвта на луѓе кои оздравеле од Covid-19 и заклучиле дека многумина од оние кои развиваат постовиден синдром имаат оштетувања на бубрезите. Притоа предупредуваат дека тоа со текот на времето може да се развие во хронични заболувања.

Проблемот се состои во тоа што манифестации на бубрежната дисфункција не се придружени со болка и други јасни симптоми, повеќето од луѓето и не знаат за овие нарушувања сѐ додека не им бидат дијагностицирани. Нарушувањата во работата на бубрезите имено, може да се откријат само со анализа на крвта. Поради тоа, авторите на студијата предлагаат да биде воведена таква анализа во скрининг наодите кај пациентите по прележан Covid-19.

„Нашите резултати ја истакнуваат критичката важност од процена на функцијата на бубрезите при прегледите на пациентите кои прележале Covid-19“, вели водечкиот автор на студијата д-р Зијад ал-Али, доцент по медицина, директот на Центарот за клиничка епидмиологија и шеф на одделот за истражување и образование во Јавноздравствениот систем за ветерани на Сент Луис.

„Доколку третманот на бубрезите не стане составен дел од стратегјата за помош при постковидниот синдром, ќе ја пропуштиме потенцијалната можност да им помогнеме на стотици илјади луѓе кои ниту се сомневаат дека бубрежната функција кај нив е влошена поради овој вирус“, додава д-р ал-Али.

Авторите проценуваат дека околу половина милиион од 38-те милиони Американци кои се опоравуваат од Covid-19 може да имаат оштетувања на бубрезите или некое заболување како последца на тоа. Притоа, растот на ваквите здравствени нарушувања се совпаѓа со последниот бран на пандемијата поврзан со острото ширење на позаразната делта варијанта на коронавирусот.

Истражувачите анализирале медицински досиеја на повеќе од 1,7 милиони здрави и заразени со коронавирусот лица од базата на податоци на Одделот за ветерани на САД, кој е најголемиот интегриран систем за укажување медицинска помош, во периодот од 1-ви март 2020 до 15-ти март 2021 година. Од нив, над 89.000 лица имале потврдена дијагноза на Covid-19 и минале низ акутната фаза во првите 30 дена од болеста.

Научниците, исто така, откриле дека најголем ризик за развој на компликациите во функцијата на бубрезите имало кај оние кои биле згрижени на одделите за интензивна нега, но во примерокот биле вклучени и некои пациенти со поблага форма на Covid-19. Резултатите покажале дека луѓето заразени со вирусот а за кои не била потребна хоспитаизација, имаат просечно 15 отсто поголем ризик да развијат сериозна компликација во работата на бубрезите во споредба со здравите луѓе.