ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е дел од урбаната мафија, нека им објасни на младите зошто законите не важат за сите подеднакво

Денес Шилегов среќавајќи се со младинските организации добро беше да им објасни зошто законите не важат за сите подеднакво. Зошто просечно семејство за изградба на настрешница му треба дозвола, а за изградба на зграда како Шилегов нема потреба од дозвола, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека визијата на Шилегов до младите е градете дивоградби исто како и урбаната мафија.

-Жално е што првиот човек на градот е дел од урбаната мафија градејќи дом станбена зграда која е дивоградба. Тоа значи дека лудилото и забеганоста достигнуваат максимум. Затоа денес Шилегов бега од одговори на две клучни прашања: зошто градел дивоградба, и второ како се стига со чиновничка плата до станбена зграда? – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.