На 17 септември во 18.30 часот, улицата „Македонија“ во Скопје ќе се одржи „Статуафест другото лице на улицата“ именуван како „Скопје на улица“.
Оваа година „Статуафест“ ќе раскажува за она што всушност живее Скопје, односно, какви сме сите ние во овој град, кога наутро, напладне или навечер брзаме некаде или се враќаме од некаде, трчаме – одиме бавно, зборуваме на телефон, возиме велосипед, тротинет, јадеме (на сред улица), свириме…, кои сме всушност ние и зошто сме тука во овој град и како го одржуваме и се грижиме за него сите заедно, кој повеќе, кој помалку, но, сепак, сите еднакво го сакаме.
-Како и сите други градови така и нашиот град Скопје сака да биде милуван од сите нас и наша основна задача е да бидеме грижливи кон него, бидејки тој е сето она што ние го имаме и сето она на кое ние се потпираме, каде се будиме, чекориме, дишеме, се смееме, плачеме… Скопје е љубов. Скопје е џез и блуз. Скопје е стотројка. Скопје е книга (никогаш завршена). Скопје е прошетка Скопје е прегратка – вели организаторот.
Фестивалот е поддржан во целост од Град Скопје, а помагач е Театарот за деца и младинци. Програмата ќе се одвива во согласност со сите пропишани ковид-19 протоколи.