Францускиот фудбалски вицешампион Пари Сен Жермен, кој сезонаа во своите редови ги собра трите големи ѕвезди Лионел Меси, Нејмар и Килиан Мбапе, објави во понеделникот дека потпишал двогодишен договор со модната куќа „Dior“
Креаторите во „Dior“ ќе ги дизајнираат официјалните костуми и други предмети од облеката за клубот, а ова е првиот договор со некој спротски клуб кој го склучува оваа компанијата.
Од ПСЖ додаваат дека уметничкиот директор на „Dior“ за машка мода, Ким Џонс, дизајнирал низа креации за екипата за следните две сезони.
Пред „Dior“, ПСЖ имаше партнерство за службената облека со германската компанија „Hugo Boss“.