![mile-lefkov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/mile-lefkov.jpg?resize=696%2C452&ssl=1)
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на својот профил на Твитер напиша дека власта денес и покрај трагедијата која се случи вчера во Тетово решена е да го истурка законот за марихуана.
-И покрај ужасната трагедија, власта и денес безмислосно продолжува со „нарко бизнис планот“! Во 12ч. во Собранието е закажана Комисија за европски – ќе се расправа за марихуаната на Заев! Тоа е односот на оваа власт кон народот, напиша на Твитер пратеникот Лефков