Тешка сообраќајка во Сопиште, настрада мотоциклист

Во саботата околу 19 часот часот на ул.„1“ Сопиште се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од 26-годишниот Н.К. од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од 77-годишниот Х.Ш. од Скопје.

По несреќата Н.К. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.