ВИДЕО| На Џејмс му ги украдоа медалите од Лигата на шампионите и ЕУРО

На бекот на англиската фудбалска селекција и лондонски Челзи, 21-годишниот Рис Џејмс украдени му се медалите кои ги освои како победник во Лигата на шампионите и среброто од Европското првенство кога претходно седмицава бил ограбен неговиот дом.

Грабежот се случил на 14-ти септември, кога Челзи играше против Зенит во Лигата на шампионите.

На Instagram фудбалерот објави низа инсерти од безбедносните камери во неговиот дом на кои се гледа како група од четворица крадци со качулки провалуваат во неговата куќа.

„Група кукавички разбојници провали во мојата куќа. Успеаја да го подигнат тешкиот сеф во кој беа некои мои лични предмети и да го внесат во нивниот автомобил“, пишува фудбалерот.

Додава дека во сефот немало накит, а освен медалите од Лигата на шампионите и од ЕУРО, украден му е и медалто од англискиот Суперкуп од 2021 година.

„Овие медали се освоени претставувајќи ги Челзи и Англија, што е чест која никој никогаш нема да може да ми ја одземе без оглед дали физички ги имам медалите“, пишува Џејмс.

Порачува дека полицијата е на трагот на разбојниците: „Имаме цвврсти траги за тоа кои се сторителите. Им се приближуваме“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reece James (@reecejames)

https://news.sky.com/video/reece-james-burglary-masked-robbers-burgle-reece-james-home-12409677