Холандската министерка за надворешни работи Зигрид Кааг поднес во четвртокот оставка по критиките од пратениците коишто ја сметаат за хаотичната евакуација од Авганистан.
„Домот смета дека владата дејствувала неодговорно… Единствено што можам е да ги прифатам последиците од оваа цоена како министерка која ја понесува крајната одговорност“, изјави Кааг во своето обраќање во парламентот.
Холандските пратеници го прифатија предлогот во кој се искажуваат критики на сметка на владата, бидејќи не успеала да евакуира дел од Авганистанците кои работеле за интресите на земјата и бидејќи однапред не воочила ека талибаните би можеле многу брзо да ја преземат власта.
„Во моето сфаќање на демократијата и нашата традиција на владата, министерот мора да замине доколку неговата политика доживеала осуда. Оттаму, ќе му поднесам оставка на неговото величество (кралот Вилем-Александр) на местото министерство за надворешни работи“, рече Кааг.
Таа на местото вршителка на должноста шефица на холандската дипломатија бепе од мај. Новат коалициска влада сѐ уште не е формирана по парламентарните избори во март годинава.
Засега не може да се процени какви политички последици на формирањето на идната влада ќе ја има оставката на Кааг.
Ден претходно не успеа обидот за смена на британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб, исто така, поради управувањето со кризата предизвикана од хаотичното повлекување од Авганистан.